Адвокатската Канцеларија Спировски нуди комплетни услуги од областа на правото, со тим специјализиран за советување на физички и правни лица. Клиентите не препознаваат по високиот квалитет на услугите кои ги даваме на локално и национално ниво. Вашата правна заштита е нашиот врвен приоритет.
Во нашата канцеларија за вас се грижат квалификувани и посветени адвокати, потпомогнати од надворешни соработници, експерти специјализирани секој во различна област. Се со цел за да ви понудиме комплетна услуга, соработуваме со судски преведувачи, извршители, вештаци, нотари и сметководители.
Доколку имате потреба за совет или застапување, повелете во нашите простории, јавете се на телефонскиот број, пратете ни Е-пошта или пишете ни директно преку веб формата за контакт
Адвокатска Канцеларија Спировски
- Имотно-правни односи
- Облигационо право
- Управни постапки
- Семејно и наследно право
- Договори и уредување на меѓусебни односи
- Работни односи и спорови
- Извршни постапки
- Вонпарнични постапки
- Проценка на правни ризици за компании и физички лица
- Заштита на потрошувачи
- Спојување и поделба на компании
- Сите видови на договори
- Заштита на индустриска сопственост и авторски права
- Судски трговски спорови
- Арбитража
- Сите видови на кривични постапки
- Сите видови на прекршочни постапки
- Постапување со класифицирани податоци
- Судски постапки со меѓународни елементи
- Странски инвестиции
- Постапки за уредување на престој на странски државјани
- Состав на договори и уредување на меѓусебни односи на странски физички и правни лица
- Сите видови на управни постапки пред органите на Република Македонија
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, 2005 година, кога започнува со стажирање во Адвокатска Канцеларија
Раде Илиевски, каде продолжува со работа како адвокат од 2007 до 2012 година.
Од почетокот на 2012 година ја формира адвокатската канцеларија Спировски;
Учествува на многубројни семинари и обуки најчесто поврзани со кривично право, постапување со класифицирани податоци, заштита на лични податоци и слично. Во фокусот на работењето е кривично-правната материја, имотно-правни односи и стопански предмети.
Претседател е на Адвокатска Заедница Охрид.
Контакти
е-пошта:
hristijan@spirovski-law.mk
телефон:
+389 75 439 384
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, 2008 година. Од 2008 до 2011 година стажира во Основно Јавно Обвинителство Охрид. Од 2012 до 2013 година работи како самостоен адвокат во Охрид. Од од 2013 до 2017 година работи во Адвокатското Друштво Чукиќ и Марков од Скопје;
Од 2017 година е дел од Адвокатската Канцеларија Спировски
Контакти
е-пошта:
kosta@spirovski-law.mk
телефон:
+389 78 352 563
Работно време:
08:30 - 16:30 Понеделник - Петок
Телефон/Факс:
+389 46 551 051
Е-пошта:
office@spirovski-law.mk
Адреса:
Булевар Туристичка 56А - 1/2
6000 Охрид, Република Македонија